Ајдаучка трева (50 гр)

Ајдаучка трева (50 гр)

Шифра на производот: бил079
Достапност: На залиха
50 ден. Без ДДВ: 42 ден.
Количина: Стави во кошничка


Ајдучката трева (Аchillea millefoliumкоја многу добро е позната помеѓу треварите и луѓето кои се занимаваат со алтернативен начин на лекување, е тревка која има огромно позитивно дејство врз здравјето на луѓето.

Поради големото количество горчливи материи и етерично масло, ајдучката трева се вбројуваа во горчливите лекови. Се користи во облик на чај за подобрување на апетитот, при желудочни тегоби, надуеност и тешко варење. Надворешно ајдучката трева се употребува слично како камилицата, за испирање, како купка и за облоги. Поради огромното присуство на витамин Ц се дава при крвавење и хемороиди.

Консумирањето на чај од ајдучка трева помага за: јакнење на крвта и органите за варење, лечење на црниот дроб, панкреасот, слезината, жолчката, навалата на крв во главата, грчеви, грозница, тахикардија, болки во коските и грбот, нередовна менструација, крвави и затворени хемороиди, несоница, разни исипи и чирови. Успешно се покажало и надворешното дејство од овој чај при лечење на испукани раце, рани на брадавиците на мајките што ги дојат своите деца и лечење на псоријаза. При псоријаза, покрај облоги, мора да се спроведе и чистење на крвта. Оваа билка се употребува и при ангина пекторис како чај. Кај нервно заболени лица се препорачува почесто миење на телото со разладен чај од ајдучка трева и тоа наутро и навечер. Топлите купки кои се мешавина од  ајдучка трева и камилица ги ублажуваат нервните болки. Ајдучката трева ги намалува и тегобите при гихт и ревматизам. Поволно дејствува при лекување на шеќерна болест, особено доколку е во почетен стадиум. Корисна е и при прекумерно крвавење. Ајдучката трева спаѓа во оние лековити средства кои со својот горчлив вкус дејствуваат на слузницата на желудникот, па така го поттикнуваат лачењето на желудечниот сок, а со тоа го поттикнуваат и апетитот. Поволно дејствува при ресорпција на храната. Калиумот кој го има во тревката ја потпомага работата на бубрезите и крвотокот, па така посредно дејствува на работата на срцето, а успешно се користи и кај третирањето на женските болести.

Карактеристики на производот
Тип на производ чај
Пакување 50 гр
Нема коментари или мислења за овој производ

Напишете коментар или дајте оценка

Вашето име:


Вашиот коментар: Забелешка: HTML не е дозволен!

Оценка: Лош           Одличен

Внесете го кодот за верификација во полето:



Мацина трева (Marrubium vulgare) позната и под името Очајница отсекогаш се користела за лекување на ..
130 ден.
Без ДДВ: 110 ден.
Зелениот чај е неверојатен извор на здравје. Тој е моќен антиоксиданс кој што треба да биде дел..
85 ден.
Без ДДВ: 81 ден.
Мечкино грозје (Arctostaphylos uva-ursi) е едно од најпознатите растенија што се користат при воспал..
55 ден.
Без ДДВ: 47 ден.
Црвениот здравец (Geranium robertianum) е повеќегодишна билка со цвет во црвено-виолетова боја. Само..
190 ден.
Без ДДВ: 161 ден.
Здравецот (Geranium macrorrhizum) е повеќегодишна билка со пријатен мирис. Изобилува со танини и во ..
62 ден. 59 ден.
Без ДДВ: 50 ден.
Висококвалитетна маска против воздушно загадување со променлив филтер од активен карбонски материјал..
1.450 ден. 595 ден.
Без ДДВ: 504 ден.
Професионална боја за природна и фарбана коса. Збогатена е со Алое Вера и масло од Магнолија. 100..
115 ден.
Без ДДВ: 98 ден.
Маслото од семки од грејпфрут е природен антибиотик и антиоксиданс, чија основна состојка биофлавоно..
1.148 ден.
Без ДДВ: 1.093 ден.
1 оценка
Волшебното семе од пискавица, познато и како Грчко семе е богато со протеини, минерали и витами..
85 ден.
Без ДДВ: 81 ден.