Како да нарачате?

Купувањето на производите од ХИПЕРМАРКЕТ може да го направите на брз, едноставен и безбеден начин, од дома, додека сте на работа или во движење. 

Секој ден од 0 до 24 часот може да нарачате преку системот за online купување во нашата интернет продавница. Доколку Ви е потребна помош за да направите нарачка на овој начин, слободно контактирајте не!

Ако не сте во можност или немате доволно време за да ги нарачате производите преку системот на нашата интернет продавница, ние Ви даваме можност нарачката да ја направите на телефонските броеви 070514826 и 070239825, секој работен ден од 09:00 до 18:00 часот, и преку email на info@hipermarket.mk или порака на нашата страница на Facebook (https://www.facebook.com/hipermarket.mk), секој ден од 0 до 24 часот.


Доколку одлучите Вашата нарачка да ја направите преку телефон, e-mail или порака на Facebook, покрај информации за производите кои сакате да ги нарачате и начинот на плаќање, потребно е да ни оставите и Ваши податоци:

  • име и презиме,
  • адреса,
  • e-mail адреса,
  • и телефонски број за контакт.

На Вашата e-mail адреса ќе добите потврда дека Вашата нарачака е направена, со информации за производите и податоци кои Ви се потребни, доколку сакате плаќањето да го направите преку банкарски трансвер. Со доплата од 1 % од вредноста (минимум 30 денари), нарачката може да ја платите и во готово при испораката на Вашата адреса.

За нарачките направени преку телефон, email или преку порака на Facebook, поради заштита на Вашите лични податоци, плаќањето со платежна картичка не е достапно.